Претаседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на РТС 2, истакна дека сега на Косово владее општа хистерија во која е речиси невозможно да се зборува рационално.

Тоа беа најголемите протести во Грачаница во последните неколку години, а богами и во Косовска Митровица. Ако Србите почнат да ги организираат изборите, албанската полиција ќе пука во нив. Ќе имавме десетици, а да не зборуваме стотици мртви, ако одговорат Србите – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател изјави дека најважно му е да избегнува конфликти, но дека „не му паѓа на памет да ја признае независноста на една лажна држава“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.