Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во вчерашното обраќање, по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје, коментираше дека опозицијата негодува поради неодамна објавеното намалување на цената на основните прехранбени производи.

Во среда лично ќе купам паризер и јогурт за појадок, а тие нека се смеат дека се грижиме за народот – напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ изјави дека лично ќе купи паризер и дека заедно со министерот за финансии Синиша Мали и министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ ќе прави сендвичи и ќе ги јаде, и на овој начин ќе покаже дека тој и Владата на Србија не се срамат и дека мерката ја носат затоа што мислат и се грижат за народот.

Баш ќе ги купам, и јогуртот што го претставивме и паризерот, лично ќе си го купам во среда. И ќе ги викнам Мали и Момировиќ. И ќе направиме сендвичи. Знаете како правевме како деца, во четвртина леб. Ќе земеме малку мајонез и ќе ставиме малку паризер и тоа ќе ни биде појадок – рече Вучиќ на конференцијата во Скопје.

Тој додаде дека тој и Владата на Србија не си играат со народот, туку мислат на народот, а дел од опозицијата се потсмева со мерките што ги носи Владата, бидејќи на секој можен начин се обидуваат да го критикуваат него и Владата. за да дојдат на власт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.