Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Охрид не се очекува судбоносен ден, дека од Брисел се уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, дека Србија ќе продолжи да работи со Европската унија и нема да се откаже од „црвените линии“.
Вучиќ во обраќање рече дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ за имплементација на договорот, но дека тоа не е вистина, туку список на желби од албанска страна.
„Сега проблемот не е што се потпишува, туку сите се надеваат дека јас ќе потпишам. Нема да верувате зошто. Всушност, никој не се надева, освен делот на обичните луѓе, дека нема да потпишам, бидејќи никому не му е гајле за Косово и Метохија само им е гајле да имаат можност јавно да пукаат во претседателот. А, тие што го организираат протестот се надеваат дека ќе потпишам за да можат да ми ја бараат главата како да сум јас тој што го прави планот, а не затоа што ќе бидете несреќни ако планот биде прифатен“, рече претседателот на Србија.
Според него, „ нормализирање за мене е дека имаме подобри основи со Албанците, дека решаваме безброј проблеми и се трудиме да живееме колку што можеме повеќе заедно, ако не тогаш еден до друг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.