Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Србија го извезува сето оружје што може да стигне да го произведе, пренесува Фонет.
„Трката во вооружување започна кога светот сфати дека рускиот претседател Владимир Путин нема лесно да биде поразен. Затоа сите се вооружуваат пет пати побрзо“, рече Вучиќ на 9 март за време на посетата на Воено-техничкиот институт (ВТИ) во Белград.
Вучиќ рече дека во наредниот период целта е да се произведат 5.000 беспилотни летала камикази „комарци“ развиени од експерти на ВТИ. Тој додаде дека планот е до септември да се пушти во употреба извидувачкото беспилотно летало „Врабец“.
По почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, Вучиќ постојано најавуваше дека Србија не извезува оружје во Киев и Москва.
Од 2006 година Србија е членка на програмата Партнерство за мир, што се смета за прв чекор кон членство во НАТО алијансата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.