Претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати пред медиумите по средбата со претседателот на  Македонија, Пендаровски.

Многу сум среќен што можеме да гостуваме во овој прекрасен манастир и што можев да го чекам претседателот Пендаровски, за да ги потврдам добрите односи – рече Вучиќ

Српскиот претседател истакна дека двата народа имаат одлично разбирање и соработка.

Ние одлично го разбираме македонскиот јазик и знаеме дека одлично зборувате и разбирате, дека како народи имаме братски и сестрински односи и верувам дека овие односи ќе продолжат да се развиваат. Заедно правиме многу работи за да го подобриме стандардот и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Србија. Со Европејците ја градиме брзата пруга Белград – Ниш, па пругата Брестовац – Ниш…, истакна Вучиќ.

Српскиот претседател посочи дека Македонците се секогаш добредојдени во Србија.

Од тука одиме на ручек во Врање да разговараме за нашите односи. Сакам да му се заблагодарам и на патријархот Порфириј за донесување одлуки за доброто на српскиот и македонскиот народ. Ние Србите ги сакаме Македонците и Македонија. Навистина сте добредојдени каде било на територијата на Србија и знаеме дека Србија ја чувствувате како своја земја – рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.