Српската Републичка изборна комисија се уште ги брои гласовите и до 21 часот треба да излезе со прелиминарни резултати. Вучиќ и СНС уште од синоќа прогласија апсолутна победа на овие избори, додека пак проевропската опозиција „Србија против насилството“ (СПН) не ги признава изборните резултати, побара поништување на изборите, но само за градот Белград и од 18 ласот почна со протести пред Републичката и Градската изборна комисија, јави дописникот на МИА од Белград.
Според 80 отсто обработени одатоци на РИК, СНС освои 127 пратеници од 250 колку има српското собрание, со што може комотно сама да формира Влада. Србија против насилството има 65 мандати, Дачиќ со СПС ќе имаат 18 пратеници, најголемото изненадување Бранимир Несторовиќ освои 13 мандати и колку ќе има и ДСС.
Лидерот на СПС, Ивица Дачиќ по завршување на изборите изјави „дека е дојдено време некој друг да биде лидер на оваа партија“.
Претседателот Вучиќ, уште од синоќа ја прогласи победата на сите нивоа на овие избори.
Најголема борба се водеше за власта во градот Белград, каде според Градската изборна комисија СНС води со 49 одборници, и Србија против насилството со 42 одборници, со што им фалат одборници од другите партии, од ДСС(7 одборници), СПС на Даќиќ (6) или Несторовиќ (6) за градското собрание кое брои 110 одборници.
Но, опозицијата од СПН излезе со став дека изборите за градот Белград се украдени, со 450 кршења на бирачки права, масовно гласање, 40.000 новосоздадени лични карти пред изборите на лица кои не живеат во Белград, посочувајќи ја Арена како „собирен центар на фантомски гласачи“ пред се ор Р.Српска во БиХ.
Според броење гласови од страна на СПН во Белград, листата на СНС имала 21.000 гласови повеќе од нив. Затоа не ги признаваат изборните резултати, побара поништување на изборите, но само за градот Белград, како и прочистување на бирачкиот писок за Белград и почнаа вечерва со протести пред Републичката и Градската изборна комисија.
Конечните изборни резултати, поради жалбите, можното прегласување и протестите на опозцијата, во Србија може да потрајат и со недели, како што беше случај со претходноте избори во 2022 година. Шест месеци се чекаше формирањето на нова Влада.
За признавање на изборните резултати, ЕУ чека на извештајот на ОБСЕ според кои „имало озбилни проблеми и е приметено групно гласање“.
Русија веднаш ги призна реузлтатите и му честиташе на Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.