Службата за односи со медиумите на српскиот претседател најави за утре јавно обраќања на Александар Вучиќ, како што се наведува „за сите важни прашања“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ ќе им се обрати на граѓаните в петок на 8 септември во 13 часот од зградата на Претседателството на Андриќев венц во Белград.

Според податоците на Црта, претседателот на Србија за осум месеци годинава директно се обратил, преку телевизиите со национална фреквенција повеќе од 190 пати.

Инаку, претставниците на опозицијата во вторникот упатија барање да се распишат вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава. На нивното барање претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се уште не одговорил, кој во неколку наврати ги повика само да кажат кога сакаат избори и дека тие ќе бидат распишани.

Наместо Вучиќ, на опозицијата и одговорија претседателот на Собранието Владимир Орлиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на пратеничката група на СНС во Собранието Миленко Јованов, кои порачаа дека се подготвени за изборна трка со опозицијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.