Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ниту еден од функционерите на странски држави нема политичко влијание врз него, премиерот и претседателот на парламентот, дури ниту од Русија.

На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој исто така рече дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна.

Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на премиерот, на собранието и на републиката, никој освен граѓаните на Србија нема никакво влијание“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека никој не може да му нареди и дека, како што рече, „ниту од Вашингтон, ниту од Москва, Берлин или од кое било друго место“.

Тој потсети и дека Србија сака да биде на европскиот пат и му се заблагодари на германскиот министер за искрените ставови по ова прашање.

Србија носи одлуки, под ничие влијание, горд сум на таа политика и така ќе биде и во иднина“, рече тој.

Прашан за бројот на Русите во Србија, по војната во Украина, Вучиќ рече дека Русите кои се во Србија главно се ориентирани против претседателот Владимир Путин и дека, како што оцени, интересно е што Украинците во Србија се претежно „многу повеќе ориентирани во корист на Путин.

Тоа не е голема бројка, ги има некаде околу 45.000 до 50.000“, рече српскиот претседател, пренесуваат тамошните медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.