Најавата од Приштина за откажување на платните трансакции со централна Србија ги доведува во прашање сите процеси, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во Давос, каде што учествува на Светскиот економски форум.
„Најавата што ја добиваме од Приштина дека се подготвуваат да размислат за укинување на платежните трансакции со централна Србија, односно да забранат користење на динари, да упаднат во Поштенската штедилница, нашите пошти во јужната српска покраина, не само што нè загрижува, но ги доведува во прашање сите процеси, нормализирање и дијалог и се останато“, изјави Вучиќ за Пинк.
Тој додаде дека ова ќе биде клучната тема вечерва во разговорот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, како и кој и зошто и како се вооружуваат и што се прави согласно меѓународното право, а што не.
Многу е важно, како што додаде, Србија да постигне највисоко можно ниво на разбирање со САД, како водечка светска сила. „Кој се вооружува, зошто и како, што е направено, а што не, за сето ова се разговара. Зборував со првиот човек на Светската трговска организација, многу влијателни луѓе“, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.