Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска пристигнаа во Будимпешта, каде што ќе учествува на седницата на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија.
Вучиќ присуствуваше на вечерата организирана од претседателот и од премиерот на Унгарија, Тамаш Сујок и Виктор Орбан.
„Денот во Будимпешта е обележан со исклучителното гостопримство на нашите унгарски пријатели. Работните состаноци, како и вечерата, со одлична храна, вино и традиција што ги обединува Унгарија и Србија, се симбол на взаемно почитување и взаемна посветеност на понатамошниот развој на билатералните односи.
Ова беше уште една можност да се зајакне партнерството, личните односи и пријателството, како и да се разговара за нови заеднички иницијативи кои ќе придонесат за уште посилна соработка и ќе ги постават темелите за поблиски врски и подобра иднина за нашите земји и народи.
Му благодариме на Виктор за неговото пријателство. Србија секогаш ќе биде сигурен партнер и искрен пријател на Унгарија, бидејќи знаеме дека Унгарија секогаш ќе биде пријател, партнер и сојузник на Србија“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.