Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со поранешниот в.д. помошник-државен секретар на САД Филип Рикер, со кого разговараше за глобалните прашања и билатералната соработка меѓу Србија и Соединетите Американски Држави.

Тема на разговор беше претстојната изложба ЕКСПО 27, како и други значајни проекти.

„Разговор со мојот стар пријател Филип Рикер, за сите важни глобални прашања, но и за билатералните односи меѓу Србија и САД. Долго разговаравме за економскиот напредок на Србија, претстојната изложба ЕКСПО 27 и големите инфраструктурни проекти, напиша Вучиќ на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.