Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оствари телефонски разговор со својот колега, претседателот на Франција, Емануел Макрон, во кој разговарале за актуелната состојба на Косово. Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил сподели дека имал сериозен разговор со францускиот колега.

Сега нескриеното насилство насочено против Србите на Косово и Метохија сè појасно ја отстранува секоја можност за цивилизиран разговор и пристап за решавање на отворените прашања. Нагласив дека Србија останува посветена на дијалогот и зачувувањето на мирот, иако српската заедница на Косово и Метохија е единствената етничка група во Европа која е изложена на постојано насилство, напиша Вучиќ и додаде:

Побарав од претседателот Макрон да вложи дополнителни напори за приштинската страна да се вразуми и што поскоро да се врати во рамката на конкретни разговори, како и да престане да ги прави бесмислени сите напори насочени кон деескалација на ситуацијата. Му се заблагодарив на претседателот Макрон за неговата подготвеност да го слуша Белград, како и за неговата решеност да вложи дополнителни напори за да се реши исклучително сложената и пред се опасна ситуација на Косово и Метохија, заклучи Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.