Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја коментираше одлуката на Македонија да биде еден од коспонзорите на резолуцијата за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Вучиќ изјави дека предлог-резолуцијата за Сребреница, за која ќе се изјаснува Генералното собрание на Обединетите нации, е идеја на Германија која ја поддржале најмоќните членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД.

„Сосема е сеедно на чие раководство е таа одлука, станува збор за Македонија, им благодариме на тоа, веројатно сме заслужиле со сè што направивме за пријателството со Македонија“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека многу повеќе земји ќе гласаат против резолуцијата, односно дека исходот од гласањето нема да биде онаков каков што очекува Западот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.