Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти го потврдија учеството во новата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, што ќе се одржи во понеделник (27 февруари) во Брисел. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак почнувајќи од 15 часот ќе одржат одвоени состаноци со лидерите, по што ќе следи заеднички состанок.
На крајот од состанокот е предвидена изјава на Борел за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.