Под мотото „Квалитетно образование, достоинствени плати” албанските универзитетски професори го одржаа вториот протест барајќи повисоки плати.

Тие предупредија дека доколку не се прифатат нивните барања ќе го бојкотираат почетокот на академската 2022/2023 година на 17 месецов и ги повикува студентите да се обединат под слоганот „инвестиција за квалитетно образование“.

Првиот човек на Синдикатот на универзитетските работници, Сандер Ковачи, на протестот што се одржа пред Факултетот за уметности, порача дека премиерот ги нарекол нивните барања – ултиматуми, додавајќи дека платите на наставниците не се во согласност со пазарот на трудот.

Имајќи ги во предвид повисоките плати на нивните колеги во Косово тој порача дека е време „Албанија да биде како Косово, а не како Европа“.

Побаравме зголемување од 30 отсто оваа и 20 отсто следната година. Поради економската криза, ја намаливме побарувачката во знак на солидарност со оваа состојба. Премиерот нашите барања ги нарече ултиматум. Бараме од него да гледа на универзитетот со поинакво око. Денеска состојбата на професорската позиција е во поинаква состојба и ниту едно барање не е земено предвид и нема зголемување. Ако го споредиме со Косово, дојде време да кажеме дека Албанија треба да ја направиме како цела Европа, туку да ја направиме како Косово – порача Ковачи.

Професорот Луш Сусај ја обвини владата за ароганција.

Гледајќи го нивото на ароганција и непопустливост, не верувам дека ова ќе биде последен протест. Се бориме да се вратат студентите на факултетите и да не бегаат од земјава. Правиме се за нив. Се бориме против корупција и криминален непотизам кој ги нападна универзитетите –  рече Сусај.

Владата се согласи на зголемување на платите за седум отсто од буџетот и осум отсто од самите универзитети, што не се прифаќа.

Јас имам плата од 600 евра со 25 години стаж. Мора да се врати нашето достоинство и да се вложува многу повеќе за квалитетно високо образование – изјави друг професор.

Синдикатот на албанските универзитети предвидува дека е потребен фонд од 15 милиони евра за платите на околу 5.000 академски и административни кадри, а тоа според нив би било можно со „заштеда од јавните тендери“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.