Кај албанскиот град Љеш утринава се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени пет члена на семејство од Србија.
На снимката на албанските медиуми може да се види дека нивниот автомобил прилично е оштетен, односно дека хаубата му е смачкана, а нивните работи се расфрлени насекаде по патот.
Според првичните информации автомобилот налетал на банкина која ги дели лентите на државниот пат.
Возилото слетало од коловозот, а во несреќата се повредени три деца и брачен пар. Повредените се однесени во болница, а жената е во тешка состојба.
Семејството само што допатувало во Албанија, каде требало да го поминат одморот. Најверојатно брзината и мокриот коловоз предизвикале губење на контрола над возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.