Подобрена е ситуацијата со шумскиот пожар што вчера изби во централниот дел на грчкиот остров Евија и веќе не претставува опасност за населените места, а од утрово повторно интервенираат и воздушните противпожарни средства за ставање под контрола на огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчера, преку порака од бројот за итни случаи 112, превентивно беа евакуирани жителите на едно село, со оглед на тоа дека огнените јазици се приближија до првите куќи.

Од синоќа интервенираат 149 пожарникари со пет пешадиски тима и 32 возила, додека пак утрово започна повторно гаснењето и од воздух со два авиони и три хеликоптери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.