Полицијата во албанскиот приморски град Валона уапсила четворица романски државјани при обид да шверцуваат 260 килограми марихуана во две луксузни кампинг возила.

Финализирана е мега операцијата на полицијата за борба против трговијата со дрога под шифра „КАМПЕР“. Уапсени се четири лица, две момчиња и две девојки, државјани на Романија. Запленети се 260 килограми марихуана и две кампинг возила, приспособени за транспорт на наркотици, соопшти полицијата. Исто така, петмина се бараат како соработници во оваа криминална активност, но поради истрагата нивниот идентитет полицијата не го објавува во јавноста.

Од спроведените истражни дејствија се сомничи дека уапсените се соработници на албанските државјани по кои се трага. Се камуфлирале како туристи, со луксузни кампинг возила со румунски национални ознаки и шверцувале наркотици од нашата земја во Грција и во други земји, наведува полицијата. Според полицијата уапсените романски државјани се од 20 до 24 – годишна возраст.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.