Хит на социјалните мрежи стана снимката од туристите на плажа во Улцињ како стојат во место додека одекнува химната „Еј, Словени“.

„Крај на ‘работниот’ ден на плажата Мохито во Улцињ“, се наведува во описот на видеото.

По завршувањето на химната, публиката почна да аплаудира. Мештаните велат дека се пушта секој ден во текот на летото точно во 18 часот.

Улцињ е гратче во југозападниот дел на Црна Гора, на Јадранското Море, и познато туристичко место уште во поранешна Југославија. Околу 70% од жителите, кои се вкупно 10 илјади, се етнички Албанци.

„Еј, Славени/Hej, Sloveni“ беше официјалната химна на Југославија. Напишана е од словачкиот свештеник Самуел Томашик во 1834 година како химна на панславизмот. Музиката е заснована на химната на Полска.

По распаѓањето на Југославија беше химната на СР Југославија, а подоцна и на Србија и Црна Гора.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.