Во полициска акција во Истанбул уапсени се пет лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група ИСИС, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пишува „Анодолија“, пренесува МИА.

Полицијата спроведе антитерористички операции за фаќање шест лица осомничени дека обезбедувале средства за печатење и продажба на пропаганден материјал во книжарниците во име на терористичка група“, изјави Јерликаја на платформата Икс.

Истакнувајќи дека операциите биле извршени во пет области на Истанбул, тој додаде дека во акцијата биле фатени петмина осомничени, а запленети се бројни дигитални материјали и 73.000 долари.

Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи ИСИС за терористичка организација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.