Најмалку 117 студенти во провинцијата Испарта на западот на Турција се затруле од вечера во студентски дом, а полицијата покренала истрага, пренесе „Хабер турк“.
Според соопштението на гувернерот на покраината Саид Нурси, 117 студенти кои престојувале во домот Бедиузаман побарале помош во градската болница поради дијареа, мачнини и болки во стомакот.
Им била укажана помош, а потоа се вратиле во студентскиот дом и никој не бил хоспитализиран.
Учениците рекоа дека причина за нивната болест би можела да биде вечерата на 11 ноември во студентската менза. Примероците од храна и вода се испратени на испитување во Секторот за здравство и земјоделство, а Основното обвинителство започна истрага за инцидентот“, се вели во соопштението на гувернерот Нурси.
Се сомнева дека пилешкото било расипано, а вечерта во студентската кафетерија вечерале 1.231 ученик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.