Претставникот на Граѓанското движење УРА, Зоран Микиќ, соопшти дека по изгласувањето недоверба на црногорската влада, почнала консултации за состав на нова по телфонски пат, но дека конкретните разговори започнуваат денеска и ќе продолжат утре.

Прво ќе разговараме со колегите од парламентарното мнозинство, пред се со партиите со кои го потпишавме Меморандумот за политичка соработка, а тоа се СНП, Цивис и малцинските партии. После тоа ќе разговараме со сите останати, бидејќи го понудивме модел на малцинска влада до сите пратеници, кои се вкупни 81, а ние бевме јасни дека во таа влада не можат да учествуваат претставници на Демократската партија на социјалистите и Демократски фронт, изјави Микиќ за весникот „Побједа“.

Тој додаде дека очекува во наредните десет дена да завршат разговорите, бидејќи, како што истакна, граѓаните не можат да чекаат.

Не треба да губиме време во непотребни партиски препукувања, туку многу брзо да одговориме на нашиот модел и да најдеме решение, рече Микиќ.

Како можен нов премиер се споменува лидерот на УРА, Дритан Абазовиќ.

Парламентот на Црна Гора во петокот и изгласа недоверба на Владата на Црна Гора на премиерот Здравко Кривокапиќ, откако мнозинството пратеници го поддржаа предлогот за разрешување.

Недоверба на Владата и изгласаа 43 пратеници на опозицијата и пратеничката група „Црно на бело“. Против беа 11 пратеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.