Според најновите податоци, во соседна Србија денеска се регистрирани уште 19.063 новозаразени со корона вирус.

Починаа уште 37 пациенти, а на респиратори се 138 пациенти

Во Србија со денови расте бројот новозаразени и ги соборува сите рекорди, што е показател за силината на овој бран од пандемијата покренат од омикрон сојот.

Иако клиничките слики на заболените се полесни во случај на заразување со споменатиот сој, лекарите препорачуваат дека вакцинацијата и понатаму е единствен и најсигурен начин да се заштитиме од евентуални компликации на здравствената состојба која короната може да ја предизвика.

Во моментот најмногу се полемизира за продолжувањето на наставата во училиштата поради фактот дека лекарите јавуваат дека бројот на заразени деца со ковид-19 расте.

Од Министерството за образование објавено е дека конечна одлука за одвивањето на наставата ќе биде донесена во петок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.