Српската комесарката за бегалци и миграција, Наташа Станисављевиќ, изјави дека во моментов во Србија има околу 5.500 мигранти и порача дека Србија нема да стане „паркинг“ за мигрантите.

Станисављевиќ за ТВ Прва изјави дека повеќето мигранти доаѓаат од Сирија, Авганистан и Пакистан.

Нема да станеме земја за илегална миграција…Србија не е крајната дестинација на мигрантите – изјави Станисављевиќ .

Таа додаде и дека во Србија во моментов има околу 3.500 бегалци од Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.