Во Софија денеска треба да се одржи состанок на меѓувладината работна група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото.

За време на средбата ќе биде потпишан меморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Македонија“ и двегодишна програма за спроведување на Договорот меѓу македонското и бугарското Министерството за животна средина потпишан во 2019 година.

На состанокот ќе присуствуваат вицепремиерите за европски прашања, Бојан Маричиќ, и за политики за добро владеење, Славица Грковска, како и министрите за животна средина и за информатичко општество и генералниот директор на Пошти, најави Секретаријатот за европски прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.