Контролата на италијанскиот пазар покажа дека во производ од Хрватска е пронајден норовирус, соопшти Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF).
Станува збор за морски производи, односно школки наречени брбавици или морски тартуфи.
Во соопштението на Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни се наведува дека ризикот по здравјето во овој случај е потенцијално сериозен и затоа по извршената контрола ги известиле надлежните во Италија.
Главните симптоми на норовирусот се повраќање, а може да има и дијареа, болки во мускулите, грчеви, главоболка и блага температура.
Болеста обично трае од еден до три дена, наведуваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.