Московскиот суд ги казни компаниите во чија сопственоста се апликациите за размена на пораки Телеграм и Вибер бидејќи не избришале содржина што Русија ги смета за незаконски, вклучително и содржини за војната во Украина.

Телеграм, чие седиште е во Дубаи треба да плати четири милиони рубљи (47.525 долари), а јапонската компанија во чија сопственост е Вибер казнета е со еден милион рубљи (1.185 долари).

Телеграм, основана во 2013 година од браќата со руско потекло Павел и Николај Дуров, е исклучително популарна во Русија, каде што секојдневно ја користат Кремљ и Министерството за одбрана, како и новинари, опозицијата, групи за човекови права и милиони обични луѓе.

Телеграм е санкциониран оти одбил да отстрани 32 канали кои објавиле „лажни информации“ за, како што ја нарекува Русија, „специјална воена операција“ во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.