Европскиот парламент усвои резолуција со која се повикува да се спроведе независна меѓународна истрага за нерегуларностите на декемвриските парламентарни, покраински и локални избори во Србија, со посебен акцент на изборите во Белград. Резолуцијата ја поддржаа 461 европратеник, а 53 беа против, меѓу кои беше и специјалниот известувач за Србија, Владимир Билчик.
Српската опозиција го поздрави изгласувањето на резолуција
Европскиот парламент кажа дека поддржува итно испраќање ад хок мисија за утврдување на фактите во Србија. Во тој поглед, во резолуцијата се спомнува и Извештајот на Прибе, чиј тим посредуваше во решавањето на политичката криза во Македонија во 2015 и притоа состави извештај за системските проблеми за владеењето на правото во земјата. Таков извештај беше составен и за БиХ во 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.