Во престрелка што се случила во Бања Лука, бил ранет познатиот криминалец Дејан Костиќ Дела, објави поратлот „Српскаинфо“, повикувајќи се на официјално потврдени информации.

Засега нема информации за неговата здравствена состојба, ниту дали има лица уапсени за пукањето.

Дела со години и е познат на полицијата за сторени тешки кривични дела, а досега неколку пати бил осуден на затворска казна, пишува „Српскаинфо“.

Тој исто така и е познат на јавноста и како водач на навивачите на Борац Бања Лука.

Дела беше уапсен пред неколку години откако на социјалните мрежи протече видео на кое се гледа како тој малтретира и удира две млади момчиња во Бања Лука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.