Во женскиот дел од атинскиот затвор денеска беше пренесена мајката на 12-годишното девојче жртва на педофилија, сексуална злоупотреба и принудување на проституција, откако вчера, по дадениот исказ пред истражен судија, на 37-годишната жена ѝ беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.
Откако беше откриен случајот и уапсен 53-годишен маж, кој го силувал и го принудувал девојчето на проституција, меѓу уапсените беше и мајката која се товари за проституција на лице помладо од 15 години во блиска роднинска врска во замена за паричен или било каков друг надомест, меѓутоа и при апсењето и пред истражниот судија ги отфрлила обвинувањата, тврдејќи дека не знаела дека нејзината ќерка била злоставувана и нема никаква вмешаност.
Сепак и покрај овие тврдења, ѝ едногласно и бил одреден притвор.
За целиот случај, уапсени се вкупно шест лица, од кои освен мајката, останатите петмина се мажи.
Меѓу нив е прво осомничениот 53-годишниот кој е веќе во притвор, како и уште четворица кои сексуално го злоупотребиле девојчето.
Мерка притвор му е одредена и на уште едно лице, а останатите тројца уапсени на возраст од 33, 34 и 36 години, кои се товарат за силување на девојчето, утре ќе бидат изведени пред истражен судија.
Според грчките медиуми, 12-годишното девојче дало нов исказ во присуство на детски психолог и открило дека 53-годишниот Илиас Михос кој неколку месеци сексуално ја злоупотребувал и ја принудувал на проституција, ја носел и во бордел, каде што ја терал да има сексуални односи со други мажи, а потоа лично тој ги земал парите.
Како што објави МИА во саботата, целиот случај ја потресе Грција, а медиумите континуирано и детално известуваат.
Во периодот од април до август, главниот осомничен, 53-годишниот континуирано, со употреба на сила, сексуално го злоупотребувал девојчето и ја терал да му испраќа провокативни фотографии, кои ги објавувал преку различни профили на различни педофилски платформи и сајтови на интернет и во улога на макро барал „клиенти“ за 12-годишната, а според медиумите, полицијата открила листа со 213 потенцијални клиенти- педофили кои изразиле интерес за сексуален контакт со девојчето.
Според истите информации истрагата на полицијата продолжува и не е исклучена веројатноста да се вклучени и други лица и да има дополнителни апсења
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.