Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб било фрлено во корпа за отпадоци. Првично беше објавено деке е пронајдено во контејнер, но Индех.хр сепак излезе со информација дека корпа за отпадоци е местото каде што е фрлено новороденчето. Хрватската телевизија објавува дека бебето било пронајдено од две млади лица кои се враќале од тренинг.

Како што јавија денеска медиумите бебето е надвор од животна опасност. Тоа било старо смао два часа.. Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот.

Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди, велат од болницата.

Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.