Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави денеска дека во односите меѓу Белград и Приштина улогите се однапред поделени – Србија е „постојано негативец“, а Приштина е „бедна беспомошна сила што прави се што може“. Според неа, „фактичката состојба нема тежина“.

Брнабиќ рече дека „не го оправдува“ убиството на никого, дури ни убиството на албанскиот припадник на косовската полиција, но додаде дека Србите на Косово трпат постојан притисок од властите во Приштина, поради што тоа е „ прашање на денови, прашање на минути“ кога ќе се случи инцидент.

„Не можете постојано да живеете под таков терор“, рече Брнабиќ.

Запрашана за коментар за апсењето на Милан Радоичиќ, до неодамна функционер на Српската листа, кој е осомничен за организирање на вооружен инцидент во кој на 24 септември во Бањска на северот на Косово беа убиени косовски полицаец и тројца униформирани и вооружени Срби , Брнабиќ рече дека Србија е „правна држава“. „Ова е правна држава и ќе направиме се што треба согласно законот и Уставот, да ги истражиме сите околности“, рече Брнабиќ.

Таа додаде и дека „мора да ги собереме сите докази и да ја одбраниме апсолутната вистина“, пред седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово закажана за 18 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.