Граничната полиција на Косово објави дека запленила денеска, во селото Кабаш во општина Витина, југоисточно Косово, околу 3.000 килограми месо по потекло од Бразил, кои биле илегално внесени во земјата од Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на полицијата, надлежните власти претходно идентификувале возило комби без регистарски таблички, управувано од косовски државјанин, кое влегло илегално од Македонија.
-Граничните полициски власти, покрај обидот на возачот на возилото да побегне по полициската наредба за запирање, успеаја да го запрат во селото Кабаш во Витина. При контролата на возилото откриена е шверцувана стока, 108 пакети со вкупно 3.000 килограми црвено месо со потекло од Бразил. Запленетото месо е предадено на Царината, се вели во полициското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.