Во Грција, зклучно со денеска, се регистрирани вкупно 11 случаи на мајмунски сипаници, од кои шест се увезени, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно седмичниот извештај Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), останатите четири случаи се по контакт со сомнителен случај кај странски државјанин во земјата, а еден случај не пријавил патување во странство или контакт со заразен.
Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба и додаваат дека опасноста за општата популација останува ниска.
Минатата седмица беше регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај лице кое не патувало во странство, со што, како што тогаш соопштија од ЕОДИ, постојат знаци за пренесување на болеста во внатрешноста на земјата.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.