Европската комисија денеска изрази надеж дека преку преговори меѓу Белград и Приштина ќе биде изнајдено „соодветно решение“ за спорот околу пререгистрацијата на возилата во Косово пред истекот на крајниот рок в понеделник.

Како што рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, Белград и Приштина треба да најдат соодветно решение со посредство на пратеникот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Мамер потсети дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вчера од Приштина упати повик двете страни да продолжат со преговорите во рамките на тековниот дијалог.

Портпаролката на ЕК, Набила Масрали, изјави дека „има уште три дена” до крајниот рок што го поставија властите во Приштина, посочувајќи дека „ЕУ се надева на решение”.

„Ставот на Унијата е јасен, не е променет и ќе се чекаме со реакција пред да истече рокот“, изјави Масрали.

Таа потсети и на претходните изјави на портпаролот на ЕК, Питер Стен, кој вчера истакна дека „од најголема важност е да се спречи се што ќе доведе до дополнителни заострувања… и неопходно е во духот на компромисот да се најдат решенија за сите отворени прашања



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.