Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека САД се разочарани и загрижени поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не го продолжи рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај повиците на земјите од Квинта и Европската Унија,

– Владата на САД, заедно со нејзините меѓународни партнери, во повеќе наврати бараше од Владата на Косово да го продолжи периодот на имплементација на пререгистацијата на возилата. Разочарани сме и загрижени поради одбивањето на Владата на Косово да ги прифати барањата и советите од нејзинит е најблиски меѓународни партнери по ова прашање, појасни Хил за Блиц.

Како што истакна Хил, САД „ги повикуваат Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот што го посредува Европската Унија“.

Курти во вторникот изјави дека нема да биде продолжен рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај барањата на Западот да биде поместен за десет месеци.

Сопствениците на возила со српски регистарски таблички имаат рок да ги пререгистрираат на косовски до 31 октомври. Властите во Приштина се закануваат дека ќе ги запленат возилата што нема да бидат пререгистрирани. Досега за пререгистрација се пријавиле само десет Срби кои се вработени во косовските институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.