Доколку планиравте да патувате во Црна Гора во следните две недели, треба да знаете дека од вчера во оваа земја важат нови мерки.

Мерките за борба против корона вирусот во Црна Гора се променети од вчера, па носењето маски повеќе не е задолжително никаде освен во здравствените установи, соопшти Министерството за здравство.

Овие мерки ќе бидат во сила во следните две недели.

Како што рекоа од секторот на чело со Драгослав Шќекиќ, поради поповолната епидемиска состојба, обврската за носење заштитни маски во органите на државната управа, локалната самоуправа, јавните установи и другите јавни установи каде директно се даваат услуги на граѓаните се укинува.

Она што е важно за туристите е дека носењето маски повеќе не е задолжително во продавниците и аеродромите, како и на железничките и автобуските станици.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.