Во Црна Гора од денеска е зголемена минималната плата од 250 на 450 евра, а зголемена е и акцизата за цигарите и ситно режаниот тутун.
Зголемувањето на минималната плата за 200 евра го предложи Владата на Црна Гора, а било поддржано од пратениците на мнозинството во Собранието на Црна Гора, но и опозициските СДП, СД, Бошњачката партија и албанските партии, пренесува Срна.
Според најавите на црногорското Министерство за финансии, годинава може да се очекува значително зголемување на просечната плата која сега изнесува 535 евра.
Во Македонија просечната аплата за октомври е 29 000 денари или околу 470 евра, а минималната е околу 250 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.