Работите на реновирањето на основното училиште „Владислав Рибникар“ каде на почетокот на мај се случи масовно убиство, ќе почнат задутре, објавуваат медиумите во Србија.

Целосно ќе се реновира внатрешноста на делот од зградата со влез од улицата „Светозар Марковиќ“.

„Избрано е да се работи само на тоа, бидејќи тоа е единственото нешто што може да се направи до први септември, навел изворот.

Работата за адаптација на ОУ „Владислав Рибникар“ ја доби компанијата „Јадран“ во постапка со преговарање што ја објави министерството за јавни инвестиции. Во Решението за доделување на договорот е наведено дека вредноста на работата изнесува 18.095.906 динари со вклучен ДДВ или околу 154.000 евра.

Поминаа два месеци откако седмоодделенец на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград влегол со пиштол во училиштето, каде уби осум ученици и еден вработен во обезбедувањето. Потоа ранил уште шест ученици и една професорка, а една ученичка подоцна им подлегна на повредите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.