Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, утринава во Брисел се сретна со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, како дел од продолжението на дијалогот, јави Бета.
Лајчак треба да се сретне и со главниот косовски преговарач, Бесник Бисљими, а ЕУ се надева дека ќе се одржи и трилатерална средба, но тоа, како што рекоа, зависи од страните, јави Радио телевизија на Србија (РТС).
Лајчак денеска во Брисел е домаќин на шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, како дел од дијалогот со посредство на ЕУ.
Како што најави еврокомесарот Петер Стано, фокусот на разговорите ќе биде ставен на целосното спроведување на договорот постигнат на 27 февруари во Брисел и на чекорите кон деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти на 27 февруари во Брисел постигнаа договор за Договорот за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.