Европол и полицијата на Србија уапсиле во Белград платен убиец, кого криминална организација го ангажирала во јануари 2021 година да го ликвидира Зоран Ускоковиќ и тројца негови соучесници, додека еден осомничен е во бегство. Тоа денес го соопштија од Агенцијата на Европската Унија за спроведување закони (Европол) додавајќи дека осомничениот е идентификуван откако Европол пружил клучни разузнавачки податоци.
„Развиени преку својата континуирана работа на анализата на шифрираните комуникациски платформи кои често ги користат организираните криминални групи. Убиството го организирал лидерот на организираната криминална група, кој имал клучна улога во регрутирањето на платениот убиец и координирањето на логистиката на убиството“, соопшти Европол.
Тие објаснуваат дека шефот на криминалната група го организирал и планот за бегство на убиецот, регрутирал двајца платеници да го следат движењето на жртвата, и го набавил оружјето користено за ликвидацијата.
„Оружјето кое е внесено во Србија специфично за овој напад. Жртвата е убиена во Белград во 2021 година. Убиецот, кој се претворал дека е постар човек со силиконска маска и инвалид, ѝ пукал во жртвата во главата додека ѝ се приближувал“, соопшти Европол.
Разузнавачките податоци добиени од Европол за време на неговата работа на разбивање на шифрирани комуникациски платформи што ги користеле организираните групи, биле клучни за идентификување на осомничениот за убиството, како и на организаторот, соопшти Европол.
„Шефот на организираната криминална група имал клучна улога во регрутирањето на платен убиец и координирање на логистиката на самото убиство. Шефот на криминалната група го разработил планот и го организирал бегството на убиецот, регрутирал уште двајца осомничени кои биле задолжени за следење на жртвата, и го набавил оружјето со кое било извршено убиство, кое е донесено во Србија специјално за ова кривично дело“, соопшти Европол.
Убиецот носел маска и одел со стап
Убиството било извршено во Белград во 2021 година, а осомничениот М.К. носел силиконска маска со ликот на постар човек и одел со бастун имитирајќи го одењето на постара личност. Му пришол на Ускоковиќ и испукал два куршуми во него. Европол наведува дека Ускоковиќ бил застрелан во главата.
Обвинителството за организиран криминал соопшти дека при убиството била користена телефонска комуникација “SKY ECC”.
М.К. бил уапсен заедно со организаторот на убиството и уште двајца соучесници, соопшти Европол.
При откривањето на сторителите, Европската служба се фокусирала на разузнавачката работа и оперативната поддршка, а нејзините експерти работеле заедно со српските полицајци на дешифрирање на комуникациите на осомничениот, што довело до информации кои овозможуваат идентификација.
„Поради оваа причина, српските полицајци беа испратени во седиштето на Европол во Хаг. На денот на апсењето, Европол испрати специјален тим во Белград за да им помогне на српските власти во операцијата“, велат од Европол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.