Во Албанија и официјално е потврдено присуството на подваријантата на Омикрон – БА2, откако во Институтот за јавно здравје пристигнал официјален допис од референтната лабораторија во Берлин, каде што биле испратени мостри за анализа.
Сега почна благ раст кога станува збор за нови случаи на заразени, како и на пациенти на кои им е неопходен болнички третман. Подваријантата на Омикрон има 30 отсто поголема преносливост отколку Омикрон – наведува Топ чанел.
Според истиот извор, сите здравствени структури се ангажирани за што поголем опфат со имунизација на населението.
Вакцинацијата е многу битна, може да не даде максимална заштита, но доколку дојде до зараза од кој било вид мутација болеста полесно се надминува – апелираат од Институтот.
Во официјалната статистика на Министерството за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, на почетокот на март 2020 година, до сега во земјата се направени 1.780.345 тестови, позитивни биле 273.870 лица, закрепнале 269.862, починале 3.492, додека активни се 516 лица.
Што се однесува до вакцинацијата, 49 отсто од популацијата примиле една, додека 45 отсто две дози вакцина. Можност за вакцинирање имаат сите над 12-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.