Албанската централна изборна комисија, ЦИК, како што најави, почна со печатење едукативен изборен материјал и на македонски јазик. Денеска објави плакат со предупредување што значи изборен криминал. Под наслов изборен криминал – внимание се наведуваат пет дејствија кои претставуваат кривично дело за кои се предвидени затворски казни од три месеци до осум години.

Локалните избори, на кои се избираат градоначалници и членови на советите, во 61 општина во Албанија, ќе се одржат на 14 мај годинава.

„Активната или пасивната корупција на изборите како што се нудење и примање пари, материјални добра или други услуги во замена на глас, секоја усилба или фотографирање на гласот и покажување на други, гласањето повеќе од еднаш, или гласањето за други лиц со поднесување лажни документи за идентификација или користење на документи на други избирачи, намерното дозволување на гласање од страна на избирачките одбори, без да се изврши идентификација на граѓанинот според законот, како и секое дејствие што ги нарушува изборите, како гласањето со закана, фалсификување или оштетување на изборниот материјал3, се дејствија кои ги наведува ЦИК, а се сметаат за кривично дело.

Исто така се упатува и порака до граѓаните.

„Доколку забележите прекршување на законот веднаш пријавете во органите за спроведување на законот. Гласај за да бидеш слушнат“, порачува ЦИК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.