Изградба на нуклеарна централа, со моќност од 1500 мегавати, е договорот што Италија го постигна со Албанија со инвестиција од четири милијарди евра.

Веста ја пренесуваат италијанските медиуми кои ја изразуваат својата среќа што оваа нуклеарна централа ќе се гради во Албанија. Според нив, италијански компании кои ќе обезбедат вештини, компетентност и консултантски услуги се ENI (италијанска мултинационална енергетска компанија), ENEL (италијанска мултинационална компанија за дистрибуција на електрична енергија и гас), EDISON (една од најстарите италијански компании во областа на енергија и дистрибутер на природен гас), јави Ора њуз.

Телевизијата наведува дека за реализација на ваква нуклеарна централа несомнено е потребна долга работа, но веста предизвика доста политички дебати и додава дека министерот за инфраструктура и транспорт Матео Салвини побарал одржување референдум на кој народот ќе се изјасни дали е за или против нуклеарна енергија.

Италијанските економски експерти наведуваат дека 3-те компании споменати погоре, односно ЕНИ, ЕНЕЛ и ЕДИСОН се единствените кои имаат корист од оваа инвестиција, додека за десетици други компании кои работат во секторот на обновливите извори на енергија ќе биде доста тешко, посочува Ора њуз.

Претходно албанските медиуми јавија дека италијанската премиерка Џорџиа Мелони, која, со семејството во средината на овој месец беше на неколкудневен одмор во Валона, по покана на премиерот Еди Рама, имала неформална средба со на која разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија, бидејќи „на Италија и е потребно снабдување со енергија“.

-Ова не е изненадувачка идеја зашто Албанија е земја блиска до Италија и земја во која може да се изгради нуклеарна централа без да има олитичка и медиумска тензија и со фактот дека може да направи голема инвестиција во земја како Албанија, додадоа медиумите.

Случајно или не во исто време во Албанија „на неколкуденевен одмор“ беше и поранешниот британски премиер Тони Блер, инаку советник на Рама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.