Растот на цените, особено на храната и горивата, во Албанија продолжи и во месец август што услови понатамошен раст на инфлацијата.
– Во август стапката на инфлација достигна ниво од осум отсто што претставува највисока стапка во изминатите две децении, односно по 2002 кога изнесуваше 7,6 проценти.
Според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), раст е забележан кај сите продукти и услуги.
– Кај транспортот и прехранбените производи забележени се двојно повисоки цени. Токму овие две групи се оние за кои албанските граѓани трошат најголем дел од нивниот семеен буџет. Во групата исхрана, каде цените бележат раст од 15 отсто, најголемо поскапување од 29 проценти икма кај цените на маслото за јадење, млекото и млечните производи и јајцата, 20 отсто повисоки се цените на лебот и житото.
Августовската инфлација е повеќе од двапати повисока од предвидувањата на Централна банка на Албанија од три отсто.
Инфлација во јули беше 7,5, во јуни 7,4 во мај 6,7 отсто, во април достигна стапка од 6,2 отсто, во март беше 5,7, додека во февруари 3,9 отсто
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.