На Ада Циганлија во Белград денеска е испливало мртво тело на жена, а само неколку часа претходно, на истото место е пронајдено уште едно тело на маж, јавуваат српските медиуми.

Полицијата само што го заврши увидот, а присутните пријавија уште едно тело закажено за еден сплав во близина“ – соопштија полициски извори.

Според првите сознанија, ова тело било веќе подолго време во вода.

Инаку, ова е трето тело што е пронајдено во водата во близина на Белград во рок од 24 часа бидејќи претходно од Дунав беше извадено и тело на 40-годишна жена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.