Под мотото „Премногу е“, најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО ДПМНЕ вечерва организира голем протест за промени, пред зградата на Владата, пишуваат медиумите од регионот.

Илјадници луѓе од целата земја, членови и симпатизери на ВМРО и нивните коалициони партнери, се собраа пред Владата.

Централната порака на собирот е организирање на вонредни парламентарни избори, кои според нив се единствен излез од економската и политичката криза во која земјата ја водата СДСМ и ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.