Припадниците на сообраќајната полиција од 5 до 11 август оваа година ќе спроведуваат меѓународна акција на зголемена контрола на сообраќајот, насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците со пречекорување на брзина.
Акцијата истовремено ќе биде спроведувана во 31 европски држави кои се членки на организацијата РОАДПОЛ(Европска мрежа на сообраќајна полиција).
Сообраќајната полиција секој ден ќе ги ангажира сите расположиви уреди за мерење на брзината на движењето- рачни радари, радари во системите на видео надзор и пресретнувачи, додека на автопатиштата ќе биде мерена просечната брзина на движење на возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.