Пратениците на конститутивната седница на новиот српски Парламант за претседател го избраа Владимир Орлиќ од СНС, кој во претходното собрание ја вршеше функцијата потпретседател. Тој ќе ја преземе функцијата ѓшто досега ја имаше Ивица Дачиќ.

Орлиќ беше избран со мнозинство гласови од народните пратеници, од вкупно 230 присутни.

„За“ гласаа 154, 76 беа „против“, а воздржани немаше – соопшти пратеникот Владета Јанковиќ како претседавач со конститутивната седница на парламентот.

Орлиќ им честиташе на сите пратеници за положената заклетва и почетокот на мандатот, а потоа се заблагодари на пратеничката група на Српската напредна странка (СНС) „Александар Вучиќ – заедно можеме се“, на предлогот за претседател на парламентот.

Почитувани, она што го сметам за позначајно од личната поддршка меѓу нас, сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои покажавте јасна и недвосмислена поддршка за нашата државна политика. Со ова докажавте дека сериозноста и одговорноста не се само тоа што „добро ни доаѓа“ во јавното говорење, туку дека се грижиме за нашата земја – порача Орлиќ.

За Орлиќ да биде прв спикер, гласаа пратениците на СНС и коалицијата кои заедно со најголемата парламентарна партија учествуваа на изборите на 3 април, како и пратениците од пратеничкиот клуб на СПС – Ивица Дачиќ, пратениците на Сојузот на Унгарците од Војводина, пратеничка група ПУПС – Солидарност и правда, Единствена Србија (ЈС), СДПС.

Орлиќ не беше поддржан од пратеничките групи Европски региони – Војводина, Санџак, Прешевска долина, Српско движење Двери – Патриотски блок, Зелено – Лев клуб – Не го давиме Белград – Мораме – Заедно, Демократската партија, Народната партија, Заветници, НАДЕЖ – Нов ДСС, ПОКС, Обединети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.