Организацијата „ The Smile of the Child “ активира килибарна тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција.

Василики Николопулу (11) исчезнала вчера вечерта во 21 часот и 10 минути.

За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата „ The Smile of the Child “ и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри и со нормална тежина.

На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки.

Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.